кабинет
Претседателката Сиљановска-Давкова на самитот „Акаба Процес Балкан III“
04.04.2025 08:37
Претседателката вчера во болницата „Пирогов“ во Софија, ги посети повредените во пожарот во Кочани...

Претседателката Сиљановска-Давкова во Софија учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“, во организација на бугарскиот претседател Радев и јорданскиот крал Абдула Втори. Шефицата на државата ќе говори на сесијата „Идентификување и разбирање на заканите“, а предвидени се и билатерални средби со Радев и со кралот Абдула Втори.
Претседателката вчера во болницата „Пирогов“ во Софија, ги посети повредените во пожарот во Кочани. Здравствената состојба на осумтемина пациенти е стабилна, тие се под постојан надзор од врвни, искусни лекари, а закрепнувањето бележи напредок, информираа од кабинетот на Сиљановска.
