Украина

Втор ден од состанокот на НАТО

04.04.2025 09:42

Колективната одбрана и зајакнувањето на партнерствата во фокусот на состанокот на министрите за надворешни работи...

Секој прекин на огнот или мировен договор за запирање на војната во Украина мора да биде траен, истакна генералниот секретар на НАТО на министерскиот состанок во Брисел. Колективната одбрана и зајакнувањето на партнерствата во фокусот на состанокот на министрите за надворешни работи.

„Путин продолжува со нејаснотиите. Продолжува да одоговлекува. Тој би можел да прифати прекин на огнот сега, но тој продолжува да ја бомбардира Украина“, изјави Дејвид Лами, министер за надворешни работи на Обединетото Кралство.

„Во одреден момент ќе има потреба од воен капацитет или уверување кога ќе се постигне мир. И ова е причината зошто нашите армиски началници ќе бидат денес во Киев за да ја унапредиме оваа работа. Затоа што нашата цел е да постигнеме мир и овој мир да биде праведен и траен“, изјави Жан-Ноел Баро, министер за надворешни работи на Франција.

Украина нема да ги признае териториите окупирани од Русија и нема да се согласи да ја намали својата војска за време на претстојните преговори за ставање крај на војната, вели Зеленски.

„Работиме на обезбедување на нашите позиции и сме свесни за калкулациите на непријателот. Во секој случај, ќе ја заштитиме нашата држава, независност и народ“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

И додека се зборува за мир, нападите на фронтот не запираат. Не се почитуваат начелните договори за Црноморието и енергетските објекти.