САД

САД очекува позитивен исход од тарифите

04.04.2025 09:51

Откако американскиот претседател Трамп ги објави новите царини за околу 180 земји кои извезуваат производи во САД. Цената на нафтата паѓа, а на златото расте – инвеститорите бараат сигурност...

Глобалните финансиски пазари бележат пад откако американскиот претседател Трамп ги објави новите царини за околу 180 земји кои извезуваат производи во САД. Цената на нафтата паѓа, а на златото расте – инвеститорите бараат сигурност. Технолошкиот сектор е меѓу најтешко погодените.

„Мислам дека сè се одвива многу добро. Тоа беше операција, како кога пациентот се оперира. И тоа е голема работа. И никогаш не сме виделе нешто слично. Не искористуваа многу, многу години. Долги години бевме на погрешната страна. И ќе видите како ќе испадне. Нашата земја ќе процвета“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Царините на Трамп ги зближија демократите и републиканците, кои со закон ќе се обидат да ја ограничат моќта на американскиот претседател.