Блиски Исток

Продолжува операцијата во Газа

04.04.2025 09:53

Израелската одбрана оперира и во јужна Сирија, запленето оружје, елиминирани заканите од воздух и од земја...

Израелската војска тврди дека погодила 600 терористички цели во Појасот Газа од обновувањето на нападите на 18 март.

„Елиминиравме повеќе од 250 терористи, вклучително и 12 високи членови на Хамас и во нејзиниот владин огранок. Сите тие се терористи. Сите тие учествуваа во масакрот на 7 октомври. Работиме според план со различен интензитет“, Бригасен Генерал Ефи Дефрин, портпарол на израелската армија.

Израелската одбрана оперира и во јужна Сирија, запленето оружје, елиминирани заканите од воздух и од земја. Тел Авив тврди дека работи на безбедносна зона што ги дели жителите на Израел од Сирија.