Трагедија во Кочани

Почина Александар Карадакоски, управителот на дискотеката „Пулс“

04.04.2025 09:36

Нова жртва по трагедијата во Кочани. Почина управителот на дискотеката, кој се лекуваше во Литванија...

Уште една жртва по трагедијата во Кочани. Почина управителот на фирмата на дискотеката „Пулс“, Александар Карадакоски, кој се лекуваше во болницата во Литванија.

Карадакоски работел како шанкер во дискотеката. Вечерта на 16-ти март, беше тешко повреден во пожарот. Карадакоски е 60-та жртва во големата трагедија што ја потресе Македонија.

Во странски болници се лекуваат 79 повредени во пожарот. Во текот на денот, се очекува прес- конференција на министерот Таравари.