Корејски полуостров
Јужнокорејскиот суд реши, избори за претседател за 60 дена
04.04.2025 09:56
Јун го прекршил уставниот поредок и сериозно ја загрозил стабилноста на демократската република. Пресудата стапи во сила веднаш и Јужна Кореја треба да одржи предвремени избори за да избере нов претседател во рок од 60 дена...

Јужнокорејскиот Уставен суд го потврди отповикувањето на претседателот Јун Сук Јеол, велејќи дека ги прекршил основните права на народот со распоредувањето војска и полиција откако прогласи воена состојба.
Според одлуката, со потегот на 3 декември 2024 Јун го прекршил уставниот поредок и сериозно ја загрозил стабилноста на демократската република. Пресудата стапи во сила веднаш и Јужна Кореја треба да одржи предвремени избори за да избере нов претседател во рок од 60 дена.
