Одрон на патот Струмица- Валандово, сообраќајот се одвива отежнато
Отежнат сообраќајот на патниот правец Струмица- Валандово, кај селото Костурино, заради одрони, информира АМСМ. Сообраќајот се одвива отежнато и забавено …

Утрово одрон од камења и земја се урна на патниот правец Струмица-Валандово, кај селото Костурино, најверојатно предизвикан од дождовите. Сообраќајот се одвива само по една коловозна лента.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
