Македонија

Трајков на панел-дискусија во Белград со фокус на прекугранична соработка

04.04.2025 10:18

Заменик-министерката за европски прашања, Трајков ќе биде панелист на настанот, каде ќе се осврне на реализацијата на европските проекти во рамки на прекуграничната соработка...

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков ќе учествува на панел-дискусија на тема „Европски проекти за прекугранична соработка за унапредување на административните капацитети на институциите на македонската заедница во Србија“, којашто ќе се одржи на 4 и 5 април во Белград.

Заменик-министерката за европски прашања, Трајков ќе биде панелист на настанот, каде ќе се осврне на реализацијата на европските проекти во рамки на прекуграничната соработка.

Панел-дискусијата е во организација на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија.