Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот „Акаба Процес Балкан III“ во Софија
За денеска е предвидена и билатерална средба на Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Радев. Се очекува да продолжат разговорите за унапредување на македонско-бугарските односи...

Претседателката Сиљановска-Давкова во Софија учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“. На форумот учествуваат шефови на држави, владини претставници и меѓународни организации. Ќе дискутираат за регионалната безбедност и координацијата во борбата против тероризмот и радикализацијата.
За денеска е предвидена и билатерална средба на Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Радев. Се очекува да продолжат разговорите за унапредување на македонско-бугарските односи, започнати уште во ноември 2024-та година на маргините на конференцијата КОП29 во Баку. Исто така, ќе се одржи и директна средба со кралот Абдула Втори од Јордан, иницијаторот на „Акаба Процесот“.
Самитот е од затворен тип, а повеќе информации од Кабинетот на претседателката најавуваат по завршувањето на средбите.
Сиљановска-Давкова вчера ги посети повредените од пожарот во Кочани, кои се лекуваат во болницата „Пирогов“ во Софија.
Од Софија известува Анита Димитријевска-Велковска
