Засилени превентивни мерки против ебола
Министерството за здравство на предмалку одржаната конференција информираше дека засилено се вклучува во превентивните мерки за евентуална појава на еболата во земјава. Иако Македонија не спаѓа во ризичните земји, денеска на аеродромот ,,Александар Велики“ се поставува камерата за проверка на покачената температура кај патниците, а направени се и флаери кои ќе се делат на аеродромот и на граничните премини. Од утре во три смени здравствени служби ќе дежураат на „Александар Велики“ со дополнителни проверки на патниците кои доаѓаат од ризичните земји.

Министерството за здравство информира дека во Нигерија имало 8 наши државјани, 7 се вратени и контролирани. Не се регистрирани симптоми кај нив.За последниот македонски државјанин од минстерството најавија исо така здравствена проверка по неговото враќање во земјава.