УХМР

Од недела заладување со дожд, снег, силен ветер и минусни температури

04.04.2025 20:19

Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето, соопшти УХМР.

Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север, кој ќе предизвика значителна промена на времето, соопшти УХМР.

Ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег.

На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 сантиметри. Ќе дува засилен северен ветер со над 70 километри на час и температурите значително ќе опаднат.

Во понеделник со засилен северен ветер наместа повремено ќе провејува слаб снег.

Потоа времето ќе биде стабилно и ветровито со утринските температури кои насекаде ќе бидат негативни.