Голем инртерес на инвеститорите за изградба на приватни градинки и домови за стари лица

08.08.2014 15:17

За сите оние кои имаат интерес да започнат бизнис за изградба на старечки дом, реконструкција или изградба на градинка или реконструкција со поволностите од пакет мерките почетната цена е 1 евро од метар квадратен...

Издвоени 35 локации погодни за изградба на приватни домови за стари лица и 55 објекти за реконструкција.  23 локации за приватни градинки и 14 објекти. Сите податоци се објавени на интернет страната на Министерството за труд и социјална политика.

„Досега од контактите што ги има напревено Министерството и Владата за инвестиции во приватни домови за стари лица интерес пројавиле 55 домашни и странски инвестирори, а во поглед на изградбата на приватни градинки и воспоставување на дејност во истите, интерес пројавиле 28 претприемачи од земјава и од странство“, изјави на денешната прес конференција портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.

За сите оние кои имаат интерес да започнат бизнис за изградба на старечки дом, реконструкција или изградба на градинка или реконструкција со поволностите од пакет мерките почетната цена е 1 евро од метар квадратен.  Намалени се и комуналните такси за 95 проценти.