Студентите бараат поевтин градски превоз
Еден од благодатите на нискобуџетните авиолинии е дека за дваесетина евра, можете да го посетите и да се вратите од вечниот град – Рим. Но иако на карта Италија е подалеку, патот до Струмица чини многу повеќе. Студентите го кренаа гласот за цената на автобуските билети …

Поевтино ни е да летаме до Италија отколку да патуваме со автобус до Струмица. Студентското собрание на УКИМ се жали на високите цени на билетите за меѓуградскиот превоз. Според нивното истражување, за билет во еден правец до Струмица мора да платат и над 1.300 денари, а повратна линија од таму воопшто нема.
Удар за студентскиот стандард велат е и недостигот од автобуски линии до неколку градови во државата, па така студентите се оставени сами да се снаоѓаат како ќе се вратат дома, но и како ќе стигнат до градот каде што студираат.
Мерките за намалување на цените на автобускиот градски превоз и зголемување на линиите се содржани во националната стратегија за млади 2023-2027 година донесена од Парламентот, чија реализација требаше да биде спроведена лани во мај. Покрај ова студентите со апел до партиите да ги исполнат барања од студентскиот манифест на кој со потпис се обврзаа минатата година.
Покрај ова, Универзитетското студентско собрание бара по примерот на Скопје бесплатен јавен превоз да се воведе и во Битола, Штип, Прилеп и Охрид.
Викторија Милевска
