Трипати повеќе средства од „Еразмус“
Зa да се стигне до европски пари патот не е тежок. Нема посебни критериуми, важно е добро да се владее програмата, да се препознаат приоритетите кои се дадени од Европската Унија и проектите да содејствуваат со стратегиските планови кои се веќе посочени како битни да се развијат. Такво е искуството на Организацијата на млади од Скопје кои веќе неколку години ја користат програмата Млади во акција.

„ Ни овозможи оваа програма доста голем број на контакти со други организации надвор од Македонија, соработка на различни нивоа “ вели Антоанета Иванова од Организација на млади од Скопје
Од в година Македонија ќе може да користи буџет од 3,5 милиони евра од програмата Ерзамус плус којашто ги обединува досегашните младински програми. Тоа се три пати повеќе пари за образование и обука на македонски граѓани во земји од Унијата.
„ Голем број сегменти од Македонскиот образовен систем, училишта, истражувачки центри, самите студенти и професорите влегуваат во големиот океан на можности кои ќе им се дадат од оваа програма“ рече министерот за образование и наука Спиро Ристовски
Проектот што ќе се спроведува ќе биде под мониторинг на Европската Унија,со што ќесе спречат малверзации со парите како што се случи пред неколку години.
„ Веруваме дека тоа ќе отвори нови можности за училиштата, универзитетите, центрите за истражување кои ќе може да ги користат средствата за подобрување на својата работа“ истакна Педро Чавез претставник од Европската комисија
За програмата ќе се аплицира во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност која е надлежна за спроведување на оваа програма во Македонија.
Ана Јосифоска