Линеарно покачување ќе добијат сите вработени во јавниот здравствен сектор
Крводарителска акција „Фондовско срце“, која од 2013 се организира во централната служба на Фондот за здравствено осигурување во Скопје, оваа година за прв пат се реализираше и во Битола. На настанот генералниот директор на ФЗО Бранко Аџигогов ја истакна важноста на сите здравствени работници и потребата од нивно вреднување …

Линеарно покачување од 2.500 денари на мартовската плата ќе добијат сите вработени во јавниот здравствен сектор, е последната одлука која беше донесена на вчерашниот состанок со претставниците на гранковиот и синдикатот на Клинички центар. Здравствените работници се најзначајна алка во општествениот живот кои треба да се почитуваат и вреднуваат, истакна директорот на Фондот за здравство, Аџигогов.
Заклучно со ноемвриското покачување, растот на платите достигна 4.815 денари. Ова ќе биде дополнителен мотив, но и признание, за макотрпната работа и несебичната вложеност на сите здравствени работници.
Со двете покачувања на платите во јавното здравство во последните четири месеци, медицинските сестри ќе добијат повисоки плати за 6.200 денари.
За важноста на здравствените работници, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување говореше на денешната традиционална крводарителска акција „Фондовско срце“, која за прв пат по 12 години се реализираше и во подрачната служба во Битола.
Александра Максимовска
