Експлозии во Киев, војската го држи Доњецк под опсада
На Европскиот плоштад на Слободата во центарот на Киев одекнала експлозија пришто две лица се повредени. На лице место се наоѓа полицијата, како и експерти за експлозиви и тим истражители коишто го истражуваат ијнцидентот. Раша Тудеј наведува дека еклозијата најверојатно ја предизвикала рачна бомба. Во меѓувреме, канадски воени транспортери во воена оперма, прва помош и шатори за украинските трупикои ја обезбедуваат границата со Русија полетаа за Украина. За Канада ова е одговор на ,,рускиот екпанзионизам и милитаризам во источна Украина“.

На Европскиот плоштад на Слободата во центарот на Киев одекнала експлозија пришто две лица се повредени. На лице место се наоѓа полицијата, како и експерти за експлозиви и тим истражители коишто го истражуваат ијнцидентот. Раша Тудеј наведува дека еклозијата најверојатно ја предизвикала рачна бомба. Во меѓувреме, канадски воени транспортери во воена оперма, прва помош и шатори за украинските трупикои ја обезбедуваат границата со Русија полетаа за Украина. За Канада ова е одговор на ,,рускиот екпанзионизам и милитаризам во источна Украина“. Истовремено во тек е опсадата на украинските безбедносни сили во Доњецк. Од изутрината одекнуваат експлозии..
„Имаше 6, 7 експлозии. Луѓето бегаа во подруми. Погоден е гасоводот, пожарникарите реагираа навреме“, вели очевидец на настанот.
Австралискиот премиер Тони Ебот ја предупреди Русија да не испраќа војска во Украина бидејќи во спротивно ќе воведе нови поостри санкции.
„Русија е силеџија. Таа е голема земја која задева мала земја. Токму во овој миг руските војници се концентрираат на границата со Украина. Ако постои било какво движење тоа нема да биде хуманитарна мисија, туку инвазија“, рече Тони Ебот, премиер на Австралија.
