На денешното рочиште обвинетиот Кешишев свртен со грб одговараше на прашања на првообвинетиот Палевски
Ново рочиште за убиството на Вања и Панче. Кешишев ја „одмотува“ мрежата со негови тврдења за Вања. Со свртен грб поради голем страв, тој одговараше на прашања на Палевски.

Судско рочиште за двојното убиство на 14-годишната Вања и пензионерот Панче Жежовски заврши со испрашување на обвинетиот Влатко Кешишев.
Обвинетиот Влатко Кешишев одговараше на прашања на првообвинетиот за убиствата Љупчо Палевски, рече дека Палчо имал црна кутија во која чувал снимени телефонски разговори и дека им пуштил некои од нив да ги слушаат. Палевски побара од Кешишев да појасни, како отишол кон куќата на Панче од куќата на Велибор во првиот неуспешен обид за грабнување, јас не отидов. Тие тројцата отидоа, а јас останав со „Кангото“ долу на патот и ги чекав, рече Кешишев. Неговиот адвокат потенцира дека неговиот клиент ја зборува вистината пред судот, како и во исказот пред полицијата и обвинителството.
Адвокатот, пак, на Палевски истакна дека сведочењето на Кешишев било контрадикторно, зашто еднаш тврдел дека го видел Палевски како пука во Вања, а другпат го видел со огнено оружје во рака.
Бранителот на Александар Ѓорчевски, пак, рече дека судењето се дефокусира од очигледниот план на четворица обвинети да го извршат ова убиство и се насочува кон неоснованото обвинение за Ѓорчевски.
Судењето за двојното убиство продолжува во понеделник.
Игор Панов
