Македонија

Максимална казна за компанијата и одговорното лице за загадувањето на Крива Река

04.04.2025 17:31

Колку цијанид кријат водите на Крива Река? По информацијата за излевање на тешки метали од рудник во оваа река, директорката наДдржавниот инспекторат за животна средина одржа прес-конференција на која тврдеше дека нема цијанид неколку стотици пати над дозволеното…

Државниот инспекторат за животна средина изрече максимална казна од 180 до 200 илјади за компанијата и 10 илјади евра одговорното лице за загадувањето на водата воКкрива Река кај Крива Паланка. На компанијата и е наложено да направи анализа од независна лабораторија, како ова истекување ќе влијае на животната средина.

Според инспекторите, нема помор на риби и нема зголемено количество цијанид во реката. Обвинија дека градоначалникот шири паника, тврдејќи дека има стотици пати повеќе цијанид во реката.

Инспекторатот за животна средина ќе ги достави наодите на Обвинителството во Куманово, кое веќе отвори случај за овој еколошки инцидент. Поднело претставка и до Државната комисија за спречување корупција за двајца инспектори, еден којшто работел и еден чија сопруга работи за компанијата одговорна за хаваријата.

Ирина Гелевска