Акаба Процес Балкан

Неопходни се позачестени средби, заклучиле Сиљановска-Давкова и Радев на средбата во Софија

05.04.2025 09:32

Во фокусот на средбата биле трагедијата во Кочани, но се разговарало и за одблокирање на нашиот евроинтегративен пат. Двајцата претседатели заклучиле дека се неопходни позачестени средби...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со шефот на бугарската држава Румен Радев во рамките на „Акаба Процес Балкан“ во Софија.

Во фокусот на средбата биле трагедијата во Кочани, но се разговарало и за одблокирање на нашиот евроинтегративен пат. Двајцата претседатели заклучиле дека се неопходни позачестени средби. Претседателката нагласи дека се можни компромиси и очекува исчекор на тој план.

„Обајцата се согласија дека почестата комуникација на бугарските и македонските политичари, но и научници, ученици, студенти, професори, културни дејци, новинари и други категории субјекти ќе ја продлабочи и зацврсти меѓусебната доверба, ќе ги урне предрасудите и ќе има повеќекратен бенефит за граѓаните. И покрај разликите во идентификувањето на можните излезни решенија за нашата евроинтеграциска блокада, заклучија дека ќе продолжат да дискутираат со добра намера, решени да го надминат проблемот“, стои во соопштението од Кабинетот на претседателката.

На состанокот во Софија „Акаба Процес Балкан“ учествуваат делегации од 30 земји од Балканот, Блискиот Исток и Европа.