Македонија
Сообраќајот тековно, по претежно влажни коловози
05.04.2025 09:13
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, информираат од ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, информираат од ЈП Македонија пат.
Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
