Свет

Дополнителна царина од 10% за голем дел од стоките увезени во САД

05.04.2025 11:08

Оваа универзална минимална стапка од 10 проценти, од која одредени производи се ослободени, американската царина ќе ја наплати покрај постојните царини.

Голем дел од стоките увезени во САД почнаа да се оданочуваат со дополнителна царина од 10 насто. Воведувањето царини веќе создаде потрес на светските берзи, а економистите прогнозираат дека нивното негативно влијание во наредните денови ќе се интензивира.

Оваа универзална минимална стапка од 10 проценти, од која одредени производи се ослободени, американската царина ќе ја наплати покрај постојните царини.

Пекинг веќе објави дека воведува одмазднички тарифи за увоз на американски производи. Истото се подготвува да го стори и Европската унија и други држави.