Украина
Воздушен напад на Криви рог, расте бројот на загинати
05.04.2025 10:12
Русија ги продолжи нападите со ракетни и беспилотни летала низ Украина и покрај напорите на САД да преговараат за прекин на огнот.

Расте бројот на загинати во рускиот воздушен напад на Криви рог. Црниот биланс достигна 18-мина загинати, над 50 се ранети. Меѓу загинатите има и девет деца.
Според градските власти, бил погоден станбен кварт, предизвикувајќи огромна материјална штета.
Русија ги продолжи нападите со ракетни и беспилотни летала низ Украина и покрај напорите на САД да преговараат за прекин на огнот.
Киев тврди дека нападите на Москва врз цивилни области покажуваат дека таа не е сериозна за мирот.
