Прилеп
Училиштата безбедни, контролите зајакнати
05.04.2025 14:15
Училиштата во прилепскиот регион се опремени со безбедносна инсталација, има вежби за евакуација, ама мора перманентно да се отстрануваат пропустите. Во едно средно училиште допрва треба да се обнови хидрантска мрежа…

Училиштата во прилепскиот регион се безбедни, констатираат од инспекторатот и од училиштата кои се под константен инспекциски надзор. По препораките на инспекторатот, главно од Дирекцијата за заштита и спасување, ги обновуваат задолженијата за безбедност.
Контролите се редовни, а сега и зајакнати. Едно од средните училишта мора брзо да обезбеди хидрантска мрежа.
Во прилепскиот регион се врши перманентна контрола на училиштата во четири општини.
Елизабета Митреска
