„Марш за ангелите“ во Кочани
Стоп за селективната правда, коруптивниот систем ги уби нашите деца – беа дел од пораките упатени од протестниот марш на блиските на жртвите во кочанската трагедија што се случи пред безмалку три седмици. Порачаа дека до крај ќе ја бараат правдата …

Кочани денес на пладне потона во молк. Голем број граѓани излегоа на најавениот протестен „Марш за ангелите“ во организација на семејствата на починатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“.
На тивкиот протестен марш пораките беа испратени преку транспаренти и фотографии од настраданите во трагедијата.
„Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Марш за 59-те ангели“, беа дел од пораките.
„Маршот на ангелите“ почна во Паркот на револуцијата во 12 часот и 5 минути, како симбол на задоцнетата институционална реакција. Потоа граѓаните се упатија кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.
Славица Величковска
