Земјоделство

Зелката до 15-ти април во струмичко ќе се откупува по 35 денари

05.04.2025 17:46

Зелката до 15-ти април во струмичко ќе се откупува по цена од 35 денари. Ваков е договорот меѓу министерот за земјоделството и откупувачите во овој регион, откако почна да се зголемува понудата. Земјоделците стравуваат како ќе тече откупот…

Во струмичко почна да се интензивира бербата на пролетната зелка. Земјоделците по нивите го прибираат родот. Во моментов таа се откупува за 35 денари за килограм. За дел од струмичките земјоделци оваа цена одговара, за други не. Проблем е добивањето амбалажа од трговците.

Цената од 35 денари беше договорена неделава меѓу министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и откупувачите трговци. По ова цена зелката треба да се откупува две недели.

Последните податоци говорат дека досега од струмички откупени се над 30 илјади тони зелка кој се извезува за Украина, Полска, Чешка, но и пазарите од поранешна Југославија.

Ване Трајков