Партии

СДСМ избира нов претседател, Филипче единствен кандидат

06.04.2025 09:27

Венко Филипче е единствениот кандидат за претседател на редовните внатрепартиски избори.

Социјалдемократскиот сојуз на Mакедонија денеска избира нов претседател на партијата. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствениот кандидат за претседател на редовните внатрепартиски избори.

Тој на партиската фунцкција стапи пред една година, откако неговиот претходник Димитар Ковачевски поднесе оставка.