Украина под воздушна закана, руски ракети го нападнаа Киев
Зеленски вели-погрешно и опасно е да се молчи дека Русија убива деца со балистика. Во земјата ден на жалост по нападот во Кривји Рих.

Цела Украина под воздушна закана. Руски ракети го нападнаа Киев. Има повредени и регистрирани пожари. Полска подигна борбени авиони.
Зеленски вели-погрешно и опасно е да се молчи дека Русија убива деца со балистика. Во земјата ден на жалост по нападот во Кривји Рих.
„Ова само ги охрабрува ѓубрињата во Москва да ја продолжат војната и да продолжат да ја игнорираат дипломатијата. Русија мора да одговара за сè што направи, и таму е неопходно да се изврши притисок врз нив – навистина да се изврши притисок врз нив, а не да се губи време на празни приказни – за да се стави крај на оваа војна“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Над руските погранични региони соборени украински дронови – тврди Москва.
