Масовни протести против политиките на Трамп
На протестите беше изразено противењето од различни аспекти на политиките на Трамп, вклучително и против наметнатите високи тарифи, ограничувањето на трансродовите лица, депортирањето на мигрантите, ограничувањето на правото за абортус.

Над 1.200 масовни протести низ САД против политиките на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. Демонстрации се одржаа во сите 50 сојузни државни, а учествуваа и демонстранти од Канада, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Мексико и Португалија.
На протестите беше изразено противењето од различни аспекти на политиките на Трамп, вклучително и против наметнатите високи тарифи, ограничувањето на трансродовите лица, депортирањето на мигрантите, ограничувањето на правото за абортус.
Многу од протестите беа насочени против соработката на Трамп со Илон Маск, кој го предводи новооснованиот оддел за владина ефикасност. Улогата на Маск предизвика загриженост за потенцијално нарушување на приватноста и злоупотреба на податоците.
Еден од најголемите собири се одржа во Вашингтон, каде што според проценките на организаторите присуствувале над 100.000 лица.
