Македонија

Во Струмица ретко која зграда има функционален ПП хидрант

06.04.2025 13:18

Во Струмица ретко кој објект има функционален ПП хидрант. Од Дирекцијата за заштита и спасување освен до станарите и куќните совети апел упатуваат и до општините, нивните јавни комунални претпријатија да инсталираат и хидранти на јавни места…

Ретко кој станбен објект за колективно домување во Струмица има функционален ПП хидрант. Исклучок се новите згради, старите воопшто немаат хидрантска мрежа додека останатите имаат само ормани, додека црева и млазници не. Инспекторот за пожари при ДЗС, Митко Димче вели дека одговорни се сите станари.

Согласно Законот за противпожарна заштита, казните за нефункционална хидрантска мрежа во објектите за колективно домување се движат и до илјада евра за станарите.

Освен во станбени комплекси, согласно Законот за противпожарна заштита потребно е општините да имаа надворешна хидрантска мрежа на јавни места.

ДЗС повторно им укажа на комуналните претпријатија по општините во струмичко дека мора да имаат функционална хидранти.

Ване Трајков