АМСМ

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на повеќе патни правци поради врнежи од снег

06.04.2025 19:34

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар, како и на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, и на патниот правец Охрид-Битола кај превој Буково.                                                                            

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по влажни коловози, велат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.