Култура
Министерот Љутков во работна посета на Општина Гостивар
07.04.2025 08:08
Љутков и Сулејмани ќе ги посетат институциите од областа на културата како и повеќе објекти кои се дел од значајното културно наследство на Гостивар: Беговата куќа, Куќата на Ахмед Чако, Саат кулата, Медресето, црквата „Св. Димитрија“ и Старата џамија во Равен...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со заменик-министерот Седат Сулејмани денеска ќе престојуваат во работна посета на општина Гостивар.
Љутков и Сулејмани ќе ги посетат институциите од областа на културата како и повеќе објекти кои се дел од значајното културно наследство на Гостивар: Беговата куќа, Куќата на Ахмед Чако, Саат кулата, Медресето, црквата „Св. Димитрија“ и Старата џамија во Равен.
Како што најавија од Министерството, предвидени се изјави за медиуми.
