Филипче ја доби довербата на членството
Од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласале 18.140 односно 76,5 проценти од активно регистрираните членови. За Филипче гласале 18.001 избирачи, додека неважечки ливчиња имало 139.

Венко Филипче повторно ја доби довербата на членството. Остана на кормилото на СДСМ. Од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласале 18.140 односно 76,5 проценти од активно регистрираните членови. За Филипче гласале 18.001 избирачи, додека неважечки ливчиња имало 139.
„Нè чека уште една тешка борба, а тоа е да се бориме против оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, којашто во изминатите 10 месеци само покажаа дека ниту знаат, ниту умеат да се справат со проблемите. Сè што кажаа излажаа, не испорачаа ниту едно ветување. Понеспособна Влада државата немала никогаш досега. Нема ниту една област и сфера во којшто нешто добро се случува. Видете што се случува во земјоделството, сите субвенции се намалени. Видете какви катастрофални политики се воведуваат во образованието. Здравството е на колена. Видете што се случува со платите на работниците, ги убедуваат дека можат да живеат со 400 евра месечно. Какви лицемери седат во Владата“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче порача дека СДСМ е подготвена и умее да се бори за доброто на државата.
