Вучиќ го именува Ѓуро Мацут за мандатар на новата српска влада
Тој е доктор и доаѓа од директорската позиција на Клиниката за ендокринологија. Професор е и на Медицинскиот факултет во Белград. Рокот за избор на нова влада е до 18 април.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го предложи Ѓуро Мацут за мандатар за новата српска влада. Тој е доктор и доаѓа од директорската позиција на Клиниката за ендокринологија. Професор е и на Медицинскиот факултет во Белград. Рокот за избор на нова влада е до 18 април.
Вучиќ најави дека новата влада ќе биде избрана најдоцна до Велики петок, велејќи дека ја очекуваат предизвици – од одбрана на националните интереси до продолжување на евроинтеграциите. Според него, клучните задачи ќе бидат справување со регионалните притисоци, решавање на даночните прашања со САД и враќање на довербата на странските инвеститори.
„Верувам дека Мацут има капацитети – стручност, посветеност и лични квалитети – за успешно извршување на функцијата премиер“, изјави Вучиќ. Тој додаде дека новата влада ќе треба да обезбеди стабилност, толеранција и мир.
