Свет

Над 50 земји побараа преговори со Вашингтон откако Трамп воведе царини

07.04.2025 08:43

САД нема да толерира да има дефицит. Понекогаш мора да пиете лекови за да поправите нешто-рече Трамп.

Над 50 земји побарале преговори со Вашингтон откако Трамп воведе царини за целиот свет предизвикувајќи турбуленции на светските пазари на капитал. Вели дека тие се очајни да склучат договор, но дека САД нема да толерира да има дефицит. Понекогаш мора да пиете лекови за да поправите нешто-рече Трамп.

„Ќе земеме повеќе од трилион долари во следниот краток временски период со тарифите што веќе ги воведов. Тие се веќе во сила. Што ќе се случи со пазарот? Не можам да ви кажам, но можам да кажам дека нашата земја стана многу посилна. Не сакам ништо да пропадне, но понекогаш треба да пиете лекови за да поправите нешто“, изјави претседателот Трамп.

Шефот на Белата куќа изјави дека сака да го реши дефицитот што го имаат со Кина, ЕУ и другите земји доколку и тие го сакаат истото, во спротивно не за што да разговара.