Украина

Зеленски повика на поголем притисок врз Русија

07.04.2025 09:10

Тврди дека Москва го отфрла прекинот на огнот затоа што сака да продолжи со напади од Црно Море.

Зеленски повика на поголем притисок врз Русија по нападот со балистички ракети врз Киев викендов. Тврди дека Москва го отфрла прекинот на огнот затоа што сака да продолжи со напади од Црно Море.

„Примирјето на море не е само за бесплатна пловидба и поморски резерви на храна, туку, пред сè, за безбедност и доближување кон мирот. Путин не сака да стави крај на војната, тој бара начини да ја задржи таа опцијата и во секој момент повторно да ја разгори со уште поголема сила“, изјави Зеленски.

Москва, пак, го обвинува Киев за нови напади врз руските енергетски капацитети. Вашингтон одбројува. Трамп се надева на прекин на огнот. Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција-истакна францускиот претседател Макрон.

Следната недела Киев испраќа делегација во САД на разговори за новиот нацрт-договор за ретки минерали.