МАНУ

Промоција на тритомното издание за Кочо Рацин во МАНУ

07.04.2025 08:41

Во амфитеатарот на МАНУ денеска во 13 часот ќе се одржи промоција на тритомното издание Кочо Рацин...

Во амфитеатарот на МАНУ денеска во 13 часот ќе се одржи промоција на тритомното издание Кочо Рацин (поезија, проза и публицистика и животописот на Рацин).

Свое обраќање ќе имаат претседателот на МАНУ, Живко Попов и академик Катица Ќулавкова.

Промотори на изданието ќе бидат Венко Андоновски, дописен член на МАНУ и приредувач на том 1, Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, приредувач на том 2 и Весна Мојсова-Чепишевска, приредувач на том 3.