Невреме

Најава за нови поплави во САД

07.04.2025 10:48

Надлежните ги исклучија струјата и гасот од Тексас до Охајо, додека жителите со вреќи со песок се обидуваат да ги заштитат домовите по најавите на метеоролозите дека поплавите би можеле да траат со денови...

Нова закана за делови од американскиот југ и средниот запад откако нивото на реките се издигна, а поплавите се влошија заканувајќи им се на заедниците кои веќе беа погодени од силното невреме во кое загинаа 18 луѓе.

Надлежните ги исклучија струјата и гасот од Тексас до Охајо, додека жителите со вреќи со песок се обидуваат да ги заштитат домовите по најавите на метеоролозите дека поплавите би можеле да траат со денови, најавувајќи можни нови торнада во Алабама, Џорџија и Флорида.