Koшарка

Лос Анџелес Лејкерс триумфираа против Оклахома сити

07.04.2025 09:03

Kошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс триумфираа против најдобро пласираната екипа во Западната конференција Оклахома сити со 126:99...

Во НБА лигата кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс триумфираа против најдобро пласираната екипа во Западната конференција Оклахома сити со 126:99. Тимот од Калифорнија го диктираше темпото на натпреварот од почеток до крај, а речиси сè се сведе на дуелот меѓу плејмејкерите Лука Дончиќ и Шеј Гилџес-Александер.

Словенечкиот ас Дончиќ постигна 30 поени (11/20 од поле и 5/11 за тројки) со седум скокови и шест асистенции, додека на Канаѓанецот Гилџес-Александер 26-те поени (12/23 од поле, 2/5 за тројки), девет асистенции и три скокови не беа доволни за радост на домашните.

Од редовите на победничкиот тим се истакнаа и Остин Ривс со 20 и Леброн Џејмс со 19 поени.

Резултатот од овој меч беше многу важен за Лејкерси бидејќи сега имаат повеќе победи од Денвер нагетс, па се „искачија“ на третата позиција на табелата на Западот.