САД

Над 50 земји побарале преговори со Трамп

07.04.2025 09:32

50-тина земји побарале преговори со Трамп. Tој пак со став, ќе земеме повеќе од трилион долари во следниот краток временски период со тарифите што веќе ги воведов...

Над 50 земји побарале преговори со Вашингтон, откако Трамп воведе царини за целиот свет предизвикувајќи турбуленции на светските пазари на капитал-соопштија од Белата куќа.

„Ако американските потрошувачи ги сносат трошоците, нема причина земјите да бидат лути. Факт е дека се лути и возвраќаат. Добив извештај дека над 50 земји побарале контакт со претседателот за да почнат преговори. Но, тие го прават тоа затоа што разбираат дека сносат голем дел од тарифите“, изјави Кевин Хасет – директот на Националниот економски совет на Белата куќа.

Додека земјите калкулираат како да одговорат, израелскиот премиер Нетанјаху чија земја се соочува со царина од 17 насто на преговори во Вашингтон. Шефот на Белата куќа дециден-САД нема да толерираат дефицит. Доколку сакаат да го решат тоа прашање, тој е отворен за дијалог, во спротивно нема за што да разговара. Понекогаш мора да пиете лекови за да поправите нешто-изјави Трамп.

„Ќе земеме повеќе од трилион долари во следниот краток временски период со тарифите што веќе ги воведов. Што ќе се случи со пазарот, не можам да ви кажам, но можам да кажам дека нашата земја стана многу посилна. Понекогаш треба да пиете лекови за да поправите нешто. Сакам да го решам проблемот со дефицитот што го имаме со Кина, ЕУ и другите земји. Ако сакате да разговарате за тоа, јас сум отворен за дискусии“, изјави Доналд Трамп -претседател на САД.

ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со пропорционални контрамерки-вели шефицата на Европската комисија Фон дер Лајен. Земјите на блокот в среда треба да гласаат за нив. Во истовреме клучниот европски сојузник на Трамп, италијанската премиерка Мелони, соопшти дека ќе дејствува со одлучност и прагматизам за да го спречи спорот меѓу ЕУ и САД пред трговската војна да ескалира во целосен обем.

„Владееме во веројатно најтешкото време од повоениот период. Малку од сè се случи и се случува. Ќе го решиме и прашањето за тарифите, решително и прагматично, без алармизам. Се разбира, не се согласивме со изборот на САД, но подготвени сме да ги употребиме сите инструменти – преговори и економски – потребни за поддршка на нашите бизниси и казнениот сектор“, изјави Џорџија Мелони – премиерка на Италија.

Контрамерки најавија и Канада, Јапонија, и Кина, Тајван и Мексико засега воздржани. Експертите предупредуваат дека трговската војна ќе ја зголеми инфлацијата и ќе го забави растот. Светските берзи продолжуваат да бележат пад.

 

Бојана Крстевски