Светски ден на здравјето

Мицкоски: Се зголемува капитацијата за матичните лекари, гинеколози и стоматолози

07.04.2025 11:42

Оваа одлука е дел од стратегијата на Владата за унапредување на здравствениот систем. Капитацискиот бод на матичните лекари и гинеколози се зголемува од 75 на 100 денари, додека кај матичните стоматолози од 61 на 75 денари.

Се зголемува капитацискиот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози почнувајќи од април, најави денеска, на Светскиот ден на здравјето, премиерот Христијан Мицкоски.

Оваа одлука е дел од стратегијата на Владата за унапредување на здравствениот систем. Капитацискиот бод на матичните лекари и гинеколози се зголемува од 75 на 100 денари, додека кај матичните стоматолози од 61 на 75 денари.

Како што соопшти премиерот, за ова зголемување на капитацијата издвоени се 550 милиони денари и ја покажува посветеноста на Владата за обезбедување поквалитетна здравствена заштита.