Филипче во работна посета на Брисел
Во рамки на конференцијата, Филипче ќе има свое обраќање на панел дискусијата насловена „Прогресивна агенда за проширување на ЕУ“, која што ќе ја води европратеникот и известувач на ЕП за Србија, Тонино Пицула.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Брисел, ќе учествува на конференција на социјалистите и демократите на тема „Започнување на Програмата на С&Д Вили Брант за проширување на ЕУ“.
Во рамки на конференцијата, Филипче ќе има свое обраќање на панел дискусијата насловена „Прогресивна агенда за проширување на ЕУ“, која што ќе ја води европратеникот и известувач на ЕП за Србија, Тонино Пицула.
На конференцијата ќе учествуваат вицепремиери и министри за ЕУ интеграции од Украина, Молдавија, Албанија, пратеници, како и претседатели на социјалдемократските партии од Србија и Црна Гора.
