Примарно здравство

Зголемен капитацискиот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија

07.04.2025 13:13

Вредноста на капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари или за 33 отсто, додека за стоматологија од 61 на 75 денари или за 23 проценти. Зголемувањето доаѓа по повеќегодишна стагнација...

Историско зголемување на капитацијата на матичните лекари од општа медицина, стоматологија и гинекологија, соопшти денеска премиерот Мицкоски. Ова треба да донесе повисоки плати на здравствените работници, но и помотивирани лекари.

Вредноста на капитацискиот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари или за 33 отсто, додека за стоматологија од 61 на 75 денари или за 23 проценти. Зголемувањето доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот од 2019 до 2022 година кога бодот изнесувал 63 и 48 денари – рече премиерот Мицкоски.

Тој по повод Светскиот ден на здравјето им се заблагодари на сите лекари за посветеноста и работењето, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи да го зајакнува здравствениот систем.

Известува Наташа Јанчиќ- Менковски