Лустраторите најавуваат засилена проверка од септември
И покрај конечната одлука на Управниот суд институциите не го преземаат чекорот на којшто ги обврзува законот, затоа од септември најавува староновиот претседател Аџиев Комисијата ќе биде многу поактивна за целосно почитување на законот...

Лица што имаат соработничко досие не смеат да извршуваат јавна функција, ова е суштината на процесот на лустрација, но практиката покажува нешто друго. И покрај конечната одлука на Управниот суд институциите не го преземаат чекорот на којшто ги обврзува законот, затоа од септември најавува староновиот претседател Аџиев Комисијата ќе биде многу поактивна за целосно почитување на законот.
„Ќе направиме проверка во периодот што претстои кои носители на јавни функции биле лустрирани и сеуште ги извршуваат тие функции со цел да ги известиме надлежните органи“, изјави за МТВ претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев.
Во јавно објавениот регистар на Комиосијата за верификација на фактите имиња на универзитетски професори, судии, академици, кои и покрај конечната одлука на Управниот суд и натаму се во своите кабинет. Доколку инстутуциите останат глуви на нашата реакција тогаш вели Аџиев управниот инспекторат е тој што треба да го спроведе законот.
Вториот состав на лустрациска во кој има 6 нови члена треба до 2018 та да го заврши процесот. Прва обврска проверка на новоизбраните членови.
„Се среќаваме со класифицирани информации а дел од членовите не поседуваат безбедносен сертификат, а ќе мора да го добијат тој сертификат“, додава Аџиев.
Законот предвидува процесот на соочување со минатото да трае 10 години. Во изминативе 6 години Комисијата објави имиња и досиеја на 138 актуелни и поранешни јавни функционери кои соработувајќи со тајните служби ги повредиле човековите прави.
Виолета Димовска
