Над 50 земји бараат преговори со Вашингтон откако Трамп му објави трговска војна на светот
Над 50 земји бараат преговори со Вашингтон откако Трамп му објави трговска војна на светот. Шефот на Белата куќа тврди дека е отворен за дискусии, но поставува услови. Додека земјите калкулираат како да одговорат на американските царини-на разговори со Трамп, израелскиот премиер. Од Брисел најавија контрамерки. Земјите на блокот в среда гласаат за нив...

Над 50 земји побарале преговори со Вашингтон откако Трамп воведе царини за целиот свет предизвикувајќи турбуленции на светските пазари на капитал-соопштија од Белата куќа.
„Ако американските потрошувачи ги сносат трошоците, нема причина земјите да бидат лути. Факт е дека се лути и возвраќаат“, изјави Кевин Хасет, директот на Националниот економски совет на Белата куќа.
Шефот на Белата куќа дециден-САД нема да толерираат дефицит.
„Понекогаш треба да пиете лекови за да поправите нешто. Сакам да го решам проблемот со дефицитот што го имаме со Кина, ЕУ и другите земји. Ако сакате да разговарате за тоа, јас сум отворен за дискусии“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со пропорционални контрамерки-вели шефицата на Европската комсија фон дер Лајен. Земјите на блокот в среда ќе гласаат за нив.
„Ние сме против каква било трговска војна, ниту со САД, ниту со која било друга земја, и секогаш претпочитаме соработка отколку конфронтација“, изјави Лоран Сен-Мартен, министер за надворешна трговија на Франција.
„Сите опции се на маса во моментов, и ние се разбира сме за единство во ЕУ. Но, контрамерките треба да бидат добро насочени“, изјави Бенџамин Доуса, министер за трговија на Шведска.
„Сакаме да преговараме со САД за да се ослободиме од тарифите. Ќе видиме какви се можностите и што ќе биде на маса“, изјави Реинет Клевер, министер за трговија на Холандија.
Контрамерки најавија и Канада, Јапонија, и Кина, Тајван и Мексико засега воздржани. Експертите предупредуваат дека трговската војна ќе ја зголеми инфлацијата и ќе го забави растот. Светските берзи продолжуваат да бележат пад.
Бојана Крстевски
