Мицкоски: Сите процеси кои се завршени само во прв степен треба да се отворат повторно
Има многу неодговорени прашања околу истрагите за случаите со модуларната болница, Беса Транс, Ласкарци. Премиерот Мицкоски дециден дека овие процеси кои се завршени само во прв степен треба да се отворат повторно за да се провери како се сработени и како е дојдено до правдата...

Има многу неодговорени прашања околу истрагите за случаите со модуларната болница, Беса Транс, Ласкарци. Премиерот Мицкоски дециден дека овие процеси кои се завршени само во прв степен треба да се отворат повторно за да се провери како се сработени и како е дојдено до правдата. Првиот човек во владата вели – ако зборуваме за објективност, треба да се види зошто во овие процеси немало приведени лица.
Од Коалицијата „Сите за правично судење“ анализираат дека во оваа фаза не може ништо да се направи по однос на тековните предмети, но додаваат дека обвинителот може во секое време да отвори нова истрага ако се утврдат околности кои претходно не биле познати. При тоа, велат од Коалицијата, треба да се води сметка за роковите за застарување на кривичниот прогон.
По несреќата во Кочани, владата иницираше во Собранието да се формира анкетна комисија којашто ќе биде проширена и со другите случаи кои зедоа човечки животи. Опозициската СДСМ не се противеше на идејата, но остана на став дека прво треба да заврши истрагата за дискотеката „Пулс“, а потоа да се направи проценка дали има потреба од Комисија во Законодавниот дом.
Анита Димитријевска – Велковска
