Политика

Превирања во коалицијата „Вреди“

07.04.2025 15:30

Превирања во коалицијата „Вреди“, три наспрема еден. Таравари не знае дека Касами, Меџити и Гаши договараат обединување во една партија. Меџити вели, сите сме без дилеми освен Таравари. Тој вели дека не знае оти тројцата разговараат за обединување во една партија. Мицкоски, пак, вели, односите во владината коалиција се одлични..

Превирања во коалицијата „Вреди“, три наспрема еден. Таравари не знае дека Касами, Меџити и Гаши договараат обединување во една партија. Меџити вели, сите сме без дилеми освен Таравари. Идејата е една политичка партија и настап на локалните избори.

Таравари на коалициските партнери ги испорачал своите барања за локалните избори. Додека во партијата размислуваат, тој вели дека не знае оти тројцата разговараат за обединување во една партија.

Идејата е одлична, смета Таравари. Посочува, и да не се приклучи во обединувањето на „Вреди“, има пет пратеници во Собранието.

Од друга страна, додека Меџити резервирано вели, ќе видиме, ќе процениме кои се аргументите „за“ и „против“ и дека теоретски е возможна реконструкција на Владата, премиерот Мицкоски дециден со одговор „не“, потенцирајќи дека односите во владината коалиција се одлични.

Од ЗНАМ на Димитриевски нагласуваат дека не разговарале за размена на ресори.

ЗНАМ за сите отворени прашања и забелешки разговара директно со премиерот и во рамки на работната група, каде учествува како политички субјект. Таму се усогласуваат политиките и се следи реализацијата на владината програма.

Миле А. Ристески