Здравство

Се зголемува капитацискиот бод за лекарите

07.04.2025 16:12

Матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите добија зголемување на капитацискиот бод. со тоа се очекува повисоки плати и по задоволни доктори.

Се зголемува капитацискиот бод за лекарите, за 3% повеќе пари ќе добиваат општите доктори и гинеколозите, а за 23% стоматолозите. Повисоките плати треба да ги мотивираат лекарите од примарното здравство.

Ниските примања, бирократијата, безбројните правилници и упатства ги мотивираа здравствените работници од примарното ниво, за една деценија затворени се 100 амбуланти на матични лекари.

Посебно намалување има во руралните и помалите места, за кои уште во јануари се донесоа посебни мерки. Директорот на ФЗО, Клековски, рече дека сликата за лекарите од примарното здравство како административци, пишувачи на рецепти и упати мора да биде надмината.

Во контекст на подобрувањето на состојбата во примарната здравствена заштита, тој рече дека покрај зголемената контрола на рецептите и боледувањата првпат ќе се воведе мерка за оптимизација на упатување на повисоки нивоа на лекување.

Примарното здравство се соочува и со опасност да има недостиг на доктори поради високата просечна возраст на матичните.

Со зголемувањето на капитацијата се очекува да се мотивираат помладите лекари.

 

Борис Грујоски