Мразот и ниските температури штетни за овошките
Мразот вторпат го зема данокот од овоштарите во три недели. Откако синоќешните температури во преспанско-пелагонискиот регион на места се спуштија и до-10 Ц степени, најпогодените стравуваат дека од планираниот род, нема да извадат ниту 10 проценти.

Годинава осигурителните агенции не им подадоа рака за осигурување и обесштетување од пролетен мраз.
Какви мерки треба да се преземат за да се минимизираат штетите и да се осигури идната стабилност на производството на јаболко, прашуваат агрономите?
Дел од овоштарите ноќта ја поминаа крај своите овошни насади. Но, ниту алтернативниот начин со чадење не успеаја да го „избрка“ ладниот студен воздух од хектарите парцели.
Деновиве очекуваат проценители на штети. Но, велат, доаѓаат и си одат. Оштета немаме добиено години наназад. Златната година за овоштарите од овој регион била 2016-та кога мразови немало, но квалитетен македонски род, имало.
Ружица Ѓоршевска
