Сведоштво на таткото на Вања
Во Кривичниот суд продолжува судењето за убиствата на младата Вања и велешанецот Панче. На денешното ново рочиште за двојното убиство сведочи Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кому му се суди за помагање во грабнувањето на неговата ќерка...

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, не ги познава другите обвинети, за кои рече дека не се каат за стореното. Во емоционален исказ раскажа како ја барале Вања од моментот кога исчезнала, најпрво на местото каде бил последниот сигнал од нејзиниот мобилен, па до обиколка на околните објекти и потраги на социјалните мрежи. Испратил порака на мобилниот телефон на бања до киднаперите дека сè ќе добијат за да ја ослободат.
Најмногу помогнала снимката од видеокамера од фризерница отспротива влезот на зградата каде живеела Вања на која забележале возило цитрон. Подоцна од пријател на Гоце Трајковски во системот безбеден град дознале дека е возилото од убиениот пензионер Панче од Велес.
Таткото на Вања укажа дека полицијата не била на вистинската трага и дека дури при обвинението од обвинителот дознал дека Вања е мртва. Александар Ѓорчевски тврдеше дека за време на распитот врз него било извршено физичко насилство од страна на инспекторите.
Ирина Гелевска
