Нова жртва зеде пожарот во кочанската дискотека
Нова жртва зеде пожарот во кочанската дискотека. По три недели битка, почина 29-годишниот Александар кој се лекуваше во Литванија а беше еден од критичните пациенти...

Дваесет и деветгодишниот Александар Гавриловски претпладне почина во Литванија. Тој е вториот пациент пратен на лекување во странство којшто им подлегна на повредите здобиени во кочанската дискотека.
Александар бил во критична состојба од почетокот на хоспитализацијата во градската болница 8 Септември. Ден по несреќата на 17 март бил префрлен на лекување во Литванија. Пред три дена му се влошила состојбата, од вчера бил ставен на хемодијализа. Заложбата на лекарите била залудна.
Во моментот 66 пациенти се лекуваат во странство,
10 пациенти се во клиниките во земјава. Од 193 пациенти лекувани во земјава и странство двајца починаа. Пожарот во дискотеката во Кочани зема 61 живот.
Наташа Јанчиќ-Менковски
